МИЛОСАВЛЕВА, Олга

МИЛОСАВЛЕВА, Олга (Тетово, 14. Ⅸ 1934 – Скопје, 16. И 1997) – балерина и кореограф. Завршува Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. & припаѓа на првата балетска генерација во Македонија. Член на Балетот при МНТ (1949-1976). Карактерна балерина со изразит танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Со кореографија се занимава од 1958 г. М. е една од најплодните македонски кореографи. Најмногу работи врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз. УЛОГ: Гитана (М. Равел, „Болеро“), Канделас (М. Равел, „Љубовта волшебница“), Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“) и др. КОРЕОГРАФИИ: „Лабин и Дојрана“ (Т. Прокопиев), „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица), „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др. Ем. Џ.