МИЛЕНКОВСКИ, Сашо

МИЛЕНКОВСКИ, Сашо (Битола, 28. Ⅺ 1963) – режисер. Дипломирал на отсекот за театарска режија и драматургија на ФДУ во Скопје (1992). Станува член на Казалиште, позориште, гледалишче, театар во Суботица, Србија (1988-1991). Основач е на независниот театар „Бабилон“. Од ноември 2006 г. е директор на Драмата на МНТ. Режии: „Балка-нот не е мртов“; „Гаме овер“; „Бу-ре барут“; „Коледе“; „Ова не е американски филм“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Деус еџ мацхина“; „Хамлет во транзиција“; „Доле влада“ и др. Пиесите „Коледе“; „Ова не е американски филм“; „Гаме овер“; „Деус еџ мацхина“ се негово авторско дело. Р. Ст. Мирко Милески -Урош