МИЛАДИНОВ, Константин Ристов (Струга, 1830 – Цариград, 18. И 1862) – учител, поет, преведувач и фолклорист, преродбенски деец. Бил најмлад син од осумте деца во семејството. Завршил основно училиште во Охрид и гимназија во Јанина (1944–1847), по што бил учител во Струга и Трново, Битолско (1847–1849). Потоа дипломирал грчка филологија на Фило-Димитар Миладинов, Слово (1839) Родољуб Анастасов: Константин Миладинов лошкиот факултет на Атинскиот универзитет (14. Ⅹ 1849 – летото 1852). Извесно време престојувал кај Партенија Зографски во манастирот Зограф на Света Гора, каде што ја изучувал руската граматика и потоа заминал за учител во с. Магарево, Битолско (1852/1853). Подоцна заминал за Русија (есента 1856) и студирал на Историскофилолошкиот факултет во Москва (1857–1860). Таму посебно внимание посветил на старата словенска книжевност, преведувал од руски јазик, во тамошното списание „Братски труд“ (1860) на македонските и бугарските студенти, во сп. „БÍлгарски книжици“ и во в. „ДунавскиŸ лебед“. Откако заминал за Виена (кон крајот на јуни 1860), се сретнал со хрватскиот бискуп и словенски мецена Јосип Јурај штросмаер, па заедно со него заминал за епископскиот центар Ѓаково (во почетокот на октомври 1860), каде го завршил редактирањето на познатиот зборник со 660 македонски народни песни (со над 23.000 стихови), разни детски игри, обичаи, верувања, преданија, пословици, гатанки, народни имиња и направил мал македонско-хрватски речник. Тоа се творби собрани од него и од брат му Димитрија, а објавени во Загреб (1861) со помош на Ј. Ј. штросмаер. Дознавајќи дека брат му Димитрија е затворен во Цариград, заминал да му помогне за ослободување, но и самиот бил уапсен. Ј. Ј. штросмаер и други поддржувачи се обиделе да ги спасат браќата, но без успех. Починал во цариградските зандани од тифус. Автор е и на антологиските песни „шупелка“, „Бисера“, „На чуждина“, најпознатата „Т’га за југ“ и др. Освен тоа, од руски на македонски јазик ја превел антиунијатската брошура „Православни цÍрковни братства во Áгозападната Русия“ од отец Флеров (1858). БИБ.: БŠлгарски народни п‹сни, собрани од братя Миладиновци Димитрия и Константина и издани од Константина, Загреб, 1861; СÍчинениџ. Писма, дописки и стихотворениџ, под ред. на Н. Табаков, София, 1943; Константин Миладинов, Избор. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје, 1980. ЛИТ.: К. А шапкарев, Материали за животописанието на братя Х. Миладинови, Димитрия и Константина, София, 1884; Книга за Миладиновци (1862–1962), Зборник од студии, статии и прилози, Скопје, 1962; Животот и делото на браќата Миладиновци, Скопје, 1984; Харалампие Поленаковиќ, Студии за Миладиновци, Избрани дела, 5, трето издание, Скопје, 2007; Ванчо Тушевски, Нова македонска книжевност, Скопје, 2008. С. Мл.