МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА И РМ – меѓународна невладина организација, чии одлуки немаат правно задолжителна сила за меѓународно-правните субјекти. Таа не е субјект на меѓународното право, но е влијателен субјект на меѓународните односи. Нејзината моќ произлегува од активностите што ги врши во процесот на „јакнење на моќта на меѓународната заедница за предвидување, разбирање и спречување конфликти“, од составот на Советот на ополномоштеници што го сочинуваат поранешни политичари на најмоќните светски сили, поранешни меѓународни службеници во универзални или регионални организации, поранешни или актуелни европарламентарци, актуелни меѓународни службеници или политичари и други јавни личности, како и од моќта Медицинскиот клинички центар во Тетово на нејзините финансиери. Единствен државјанин на РМ член во Бордот на МКГ е бизнисменот и градоначалник на Скопје Трифун Костовски. МКГ обзнанува извештаи/брифинзи и во однос на Трифун Костовски, член на МКГ од РМ РМ што содржат анализи на случувањата во и околу РМ, дилеми на меѓународната заедница, претпоставки за развитокот на ситуацијата во иднина и предлози за правецот на преземањето определени активности со цел да се спречат проблеми и кризи од поголеми размери. ИЗВ.: хттп://њњњ.интл-црисис-гроуп.орг/пројецтс/ балканс/мацедониа/репортс. ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Анализа на предлозите за решавање на Грчко-македонскиот спор околу уставното име на РМ содржани во Извештајот за Балканот број 122 на МКГ од 10.12.2001, Зборник во чест на животот и делото на Васил Гривчев, Скопје, 2002. Т. Петр.