МЕНКОВ, Боро Илиев (Куманово, 6. Ⅴ 1919 – кај с. Белановце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – бербер, комунистички деец и народен херој од НОБ. Бил истакнат синдикалист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово (1936). Потоа заминал на работа во Крагуевац (Србија, 1936-1938). Се лекувал во санаториумот во Касин Дол (јануари–февруари 1940), а потоа станал член на КПЈ (1940). По окупацијата на Македонија бил еден од Боро Менков организаторите на НОБ во Куманово и командант на Карадачкиот НОПО (1941). Загинал во судир со бугарската војска и полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (30. ⅩⅠⅠ 1951). ЛИТ.: Владо Малески, Ѓурѓина алова, Ⅱ издание, Скопје, април 1953, 5–18; Видое Подгорец, Менков Илија Борко (19191941), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 216–221; Менков Илија Борко (1919–1941), Млад борец, ЏЏЏИИ, 18, Скопје, јуни 1975, 17; Бранко Кркелиђ, Борац против свих непријатеља, шест деценија од ро—ења народног хероја Боре Менкова и тридесет осам година од његове погибије, „Политика“, Београд, 26. ⅩⅠⅠ 1979, 11; Дејан Алексиќ, Светол пример на доследен борец и комунист (1-3), „Наш весник“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 695, Скопје, 4; Црвени каранфили, „Комунист“, Скопје, 25. Ⅸ 1981, 21; Спомен-биста на херојот. На денот на артилериските единици во касарната „Боро Менков“, „Наш весник“, ⅩⅩ, 787, Скопје, 13. Ⅺ 1981, 1; Д-р Симо Младеновски, Народниот херој Боро Менков, „Беседа“, Ⅷ,21–22, Куманово, 1981, 104–132; Д. П., Заклетва дадовме – слобода да избориме. Разговор со Перо Менков, „Комунист“, ЏЛ, 1334, Скопје, 8. Ⅹ 1982, 16; Др Живко Лазаревски, Боро Менков, Београд, 1983, 1–61. С. Мл. Вилијам Мервин