МЕЛЕТИЈ И

МЕЛЕТИЈ И (ХВ¶¶ в.) – охридски архиепископ (1638–1653). Бил софиски митрополит (1628), од каде што бил сменет (1631). Охридски архиепископ станал на 26. Ⅸ 1638. Како поглавар на Охридската црква во изворите се спомнува во 1644 г., кога бил заменет од архиепископот Харитон. Барал помош од Русија и претендирал да стане вселенски патријарх и поглавар на Александриската патријаршија. Починал во март 1653 г. ЛИТ.: И. Снегаров, Истори® на охридската архиепископи®-патриарши®, Софи®, 1995; А. Матковски, Односите помеѓу Охридската архиепископија и османската држава, „Гласник на ИНИ“, ⅩⅤⅠ, 2, Скопје, 1972. Ал. Тр.