МАЈЦИ

МАЈЦИ-(Мелоидае)– тврдокрилни инсекти со голем стомак и куси крилја. Фамилијата се карактеризира со присуство на кантаридин во крвта. Женките полагаат јајца во плитки дупки од каде што излегуваат ларви, кои се искачуваат по цветовите на растенијата; се закачуваат за пчелите и се пренесуваат во пчелините гнезда, каде што се хранат со нивните јајца. Има повеќе видови од родот Мелое, меѓу кои попознати се Мелое просцаребеус Л. и Мелое виолацеус Л. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. МАКАВЕИ – календарски обичај (1/14. Ⅷ) во спомен на маченичката смрт на седумте браќа од Макавејскиот род. Се смета за тежок празник. Во некои места се празнува само еден ден, во други два дена, но некаде дури шест или дванаесет дена. Според тоа какво ќе биде времето во текот на овие денови, во цела Македонија се прогнозира времето за следните шест месеци (зимскиот период) или за целата година. ЛИТ.: БŠлгарски народни п‹сни собрани одÍ братÏя Миладиновци Димитрия и Константина и издани одљ Константина, вљ ЗагребÍ, 1861; Марко К. Цепенков, Народни верувања, детски игри. Кн. деветта, редактирале д-р Кирил Пенушлиски и Лепосава Спировска, Скопје, 1972; Јозеф Обрембски, Фолклорни и етнографски материјали од Порече, книга прва, редакција Танас Вражиновски, Скопје 2001. М. Кит.