МАНГОВ, Коле (с. Баница, Леринско, 2. Ⅶ 1940) – поет, публицист. Член на ДПМ (1977). Автор на збирките поезија: „Гладострав“ (1975), „Вик“ (1979). Покрај Чаповски, Гилевски и Јачев, темата на егејскиот егзодус поетски ја изразува и Мангов. Кон крајот на ⅩⅩ в. некогашниот поет на обездоменоста се свртува кон публицистиката и ги објавува своите книги „За македонските човекови права“ (1995) и „Во одбрана на македонскиот национален идентитет“ (1998). В. М.-Ч. Крсто Мангов