МАНАСИЕВ, Аргир Н

МАНАСИЕВ, Аргир Н. (с. Сеово, Гевгелиско, 1873 – Горна Џумаја, 7. Ⅸ 1932) – учител, учесник во Илинденското востание, гевгелиски околиски војвода. Ја завршил Католичката гимназија во Зејтенлик (Солунско). Бил учител во Ново Село и во Негован (Солунско), во Смоквица (Гевгелиско) и на др. места. Член на МРО станал во 1894 г. Од Ⅷ 1901 до Ⅷ 1905 г. бил гевгелиски околиски војвода и делегат на Рилскиот конгрес. Подоцна бил бугарски околиски управник на Гевгелија (1912–1913) и на Струмица (1913–1919). ИЗВ. и ЛИТ.: ЦДА, ф. 771, оп. 1, а.е. 17, лл. 17-79; Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912 – Спомени, Софи®, 1981. Ал. Тр.