МАЛЕШЕВСКИ, Никола (Берово, 1852 – Дупница, ден. Станке Димитров, Бугарија, 1935) – деец на македонското револуционерно ослободително движење. Бил истакнат учесник во Разловечкото (1876) и во Кресненското востание (1878-1879), а потоа емигрирал во Бугарија. Подоцна се вклучил и во ТМОРО (1895) како долгогодишен пунктов началник во Дупница. Го помагал префрлањето на вооружените чети од Бугарија во Македонија и прифаќањето на бегалците по избувнувањето на Виничката афера (1897). Во Дупница бил основач на неколку комитети. Бил близок другар и соработник на Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Ѓорче Петров, Никола Малешевски (во средината) и Гоце Делчев ЛИТ.: Д-р Ристо Поплазаров, Ослободителните оружени борби на македонскиот народ во периодот 1850-1878 година, Скопје, 1978; истиот, Македонското Кресненскоразлошко востание, Скопје, 1979. С. Мл.