МАЛЕВСКИ, Климент

МАЛЕВСКИ, Климент (Струга, 10. Ⅹ 1917 – 18. Ⅶ 2002) – протојереј-ставрофор, член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и учесник на црковнонародните собори за возобновување на Охридската архиепископија и прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 и 1967). Бил архијерејски заменик на Преспанско-пелагониската епархија. Носител е на повеќе црковни одликувања: од Ерусалимскиот и од Рускиот патријарх, од Атинскиот архиепископ и од Синодот на Македонската православна црква (Светиклиментов орден од Ⅲ ред). ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987. Рат. Гр. Александар Маленко