МАКФЕСТ

МАКФЕСТ – фестивал на популарна музика. Првото издание е одржано во 1986 г. Замислен пред с“ да го стимулира македонското творештво на популарна музика, многу брзо стана познат кај нас и во светот. Во последната деценија на ХХ в. прерасна во меѓународен фестивал. Неговиот придонес во современата македонска поп-музика е извонредно значаен. Макфест продуцираше над 700 композиции, издаде 15 ЛП-плочи, 40 аудиокасети и над 50 компакт-дискови. На него својата афирмација ја започнаа голем број од актуелните ѕвезди на македонската поп-естрада (Тоше Проески, Калиопи, Ристо Самарџиев, Каролина и др.). М. Кол.