МАКРОЕКОНОМИЈА

МАКРОЕКОНОМИЈА – дел од економската наука што ги изучува најсинтетичките економски агрегати на ниво на вкупната економија: стапките на економскиот раст (на раст на БДП), невработеноста и инфлацијата и нивните меѓусебни односи. Доајени на македонската макроекономска наука се: Вјекослав Мајхснер (дипломирал право во 1925 г. во Загреб, а потоа докторирал врз основа на Ригороз, експерт за монетарни и финансиски прашања и основач на првиот југословенски постдипломски студиум за монетарни проблеми на Економскиот факултет во Скопје), Тодор Мировски (дипломирал економски науки во Загреб, каде што во 1935 г. докторирал со забележана дисертација, во која првпат е дадена научна анализа на стопанството на Вардарска Македонија), како и академиците Кирил Миљовски (в.), Ксенте Богоев (в.), Никола Узунов (в.) и Никола Кљусев (в.). Во развојот на одделни области на макроекономијата посебно треба да се одбележат придонесите на следниве македонски економисти (главно редовни универзитетски професори): Кирил Миљовски, Митра шароска, Јован Стојановски, Александар Милевски, Костадин Поповски, Тодор Рушков, Јордан Крстевски, Тодор Тодоров, Таки Фити, Димитрија Новачевски, Методија Стојков, Трајко Конески, Јосиф Андреевски, Сашо Атанасоски (политичка економија); тука треба да се спомнат и: Диме Бојановски-Дизе, кој го преведе на македонски јазик Марксовиот Капитал; Кирил Миљовски и Методија Стојков (заслужни за развојот на економската мисла); Таки Фити, Димитрија Новачевски, Методија Стојков, Владимир Кандикјан, Јане Миљовски, Трајко Славески (економија); Никола Кљусев, Гоце Петрески, Методија Стојков (теорија и политика на економскиот развој); Златка Поповска (управување со системите и технолошки развој); Тихомир Јовановски, Михаил Петковски, Љубе Трпески, Глигор Бишев, Васил Гривчев, Кики Мангова-Поњавиќ, Благоја Наневски, Димко Кокароски, шабан Превала (монетарна економија, финансии и банкарство); Ксенте Богоев, Живко Атанасовски, Абдулменаф Беџети (јавни финансии); Никола Узунов, Ангел Ѓорѓиев, Бранко Зеленков, Софија Тодорова и Методија Несторовски (применета економија); Никола Узунов, Љубица Костовска (современи економски системи); Асен Симитчиев, Никола Узунов, Владимир Петковски (економика на индустријата); Ѓорѓи Чепујноски, Павле Тасески (општествено планирање); Мане Чучков, Панче Киров-ски, Душан Вељковиќ, Наталија Николовска, Огнен Дамев (економска географија и регионален развој); Данчо Зографски, Ристо Христов, Никола Узунов (стопанска историја); Владимир Глигоров (стопански систем, земјите во транзиција); Аритон Жиков, Јо-ван (Жан) Павлески (на Сорбона предаваше политичка економија на меѓународните односи); Тодор Тодоров, Таки Фити, Ирена Кикеркова, Славица Роческа (меѓународна економија); Александар Мурарцалиев, Елена Дорева (економика на аграрот). ИЗВ.: 50 години Економски факултет – Скопје, Скопје, 2000; Интерни материјали од другите соодветни институции. Т. Ф – М. С.