МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ

МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ“ (Софија, И, 1, 14. Ⅵ 1932 – Ⅲ, 31, 1. Ⅶ 1934) – орган на македонската прогресивна емиграција во Бугарија. Неофицијален неделен орган на ВМРО(Об) што се појавува по киднапирањето на Симеон Кавракиров од михајловистите и претставува најширок израз на македонската национална мисла, против фашизмот во македонското движење и за Балканска федерација. Излегува на бугарски јазик во 5000–6000 тираж под повремена редакција на А. Мартулков, Д. Костов, А. Стојанов и В. Ивановски, а во редактирањето и соработката учествуваат и М. Сматракалев, П. шарланџиев, К. Веселинов и др. Весникот јасно ја декларира националната линија: „Македонското прогресивно движење е национално, бидејќи го има како цел националното ослободување на Македонија. Тоа не е партиско, ниту пак сталешко или класно, а по карактерот и составот е општонародно, демократско, зашто самата негова цел (национално ослободување на Маке-В. „Македонско знаме“ (1932&1934) донија) е општонародна, демократска задача. Прогресивното македонско движење е за единствен фронт, освен со другите поробени народи, уште и со потиснатите класи од владејачките нации, но тоа воопшто не означува дека тоа на прво место ги поставува ,социјалните пред националните прашања‘.“ Укинат од властите, заедно со другите прогресивни периодични изданија. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 330–334; Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 363–373. Бл. Р.