МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОЛК (1915–1918) – полк на Бугарската армија во времето на првата светска војна. Бил формиран од мобилизираните Македонци постари од 40 години, со наредба на началникот на Генералштабот на Бугарската армија, генералот Климент Бојаџиев (роден во Охрид). Полкот се состоел од два баталјона, девет пешадиски и една инженериска чета. Командата се наоѓала во с. Кнежево, а командант бил потполковникот Климент Крстев (роден во Охрид). Во 1915 полкот имал 12.155, а во 1917 г. 16.661 војници и офицери. ЛИТ.: ДимитÍр Минчев, Участието на населението от Македония в БÍлгарската армия през пÍрвата световна воŸна 1914–1918 г., София, 1994. В. Ст.