МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ СТОПАНСТВЕНИЦИ. Брзата индустријализација на Македонија по Втората светска војна, модернизацијата на земјоделството и етаблирањето и развојот на другите економски сектори (градежништвото, туризмот, комуналните дејности, банкарството итн.) што ја претставуваа основата на брзиот повоен економски раст и развој. Голем е бројот на македонските стопанственици коишто со својата упорна и творечка работа, во рамките на тогашниот општествено-економски и политички систем, дадоа драгоцен придонес за развојот на младата држава. Во овој контекст, најпрвин ги нотираме имињата на пионерите и основоположниците на позначајните економски сектори на земјата: Милан Нетков, Стојан Ѓорчевски, Глигорие Гоговски (текстилна индустрија); Кирил Бисеркоски, Душко Боцески, Јосиф Мицковски и Данчо шутурков (тутунска индустрија); Страшо Христов (црна металургија); Митко Теменугов-Железни, Ристо Франгов, Тошо Невеселов, Глигор Гечевски-Ивче, Гога Петковски, Ангел шумански (агроиндустриски комплекс); Ѓорѓи Зарезанков, Ангел Зарезанков (кожарска индустрија); Џоџа Бојаџиевски, Блажо Панговски (трговија), Таки Маја, Никифор Никифоровски (надворешна трговија); Миле Стефановски, Томе шимов, Ѓоре Чартов, Асен Џиков, Сотир Наумов (патен сообраќај); Тодор Мировски, Александар Богоев, Стојан ќосев, Андон Макрадули, Петар Ганчевски (финансиски сектор), Андреј Дамјанов, Блажо Ристоманов, Мустафа Амитов (градежништво), Драган Таневски, Круме Јовановски, Јани Бојаџиевски (кондиторска индустрија), Михајло Зисиќ, Константин (Динка) Аврамчев, Александар Гризо и Ане Арсов (хемија), Велимир Гиновски, Драги Арсов, Стојан Здравев, Јонче Котески, Никола Минчев (метали), Перо В’чков и штерјо Наков (шпедиција). По осамостојувањето, РМ помина низ тешки транзициони години. Реформите што се одвиваа со променлив успех и интензитет, постепено ја приближуваат земјата до крајната цел – изградба на функционирачка пазарна економија. Македонските менаџери работат во наполно изменет економски амбиент и во услови кога пазарот станува доминантен метод на алокација на ресурсите. Новите менаџерски и претприемнички знаења и модерното водење на фирмите, во констелација на заострената конкуренција на домашниот и особено на меѓународниот пазар, стануваат императив на времето. Ги нотираме имињата на менаџерите на фирмите што го сочинуваат македонскиот берзански индекс (МБИ–10): Трајко Мукаетов („Алкалоид“ – Скопје), Страшо Милковски („Гранит“ – Скопје), Савка Димитриева („Европа“ – Скопје), Хари Костов (Комерцијална банка – Скопје), Доне Таневски („Македонијатурист“ – Скопје), Андреја Јосифовски („Макпетрол“ – Скопје), Најденко Поповски (Охридска банка – Охрид), Јаким Ивановски (Стопанска банка – Битола), Димитар ХаџиМишев (Топлификација – Скопје), штерјо Наков („Фершпед“ – Скопје). Меѓу стопанствениците, од кои поголемиот број беа активни и во времето на СРМ, но и по осамостојувањето на земјата, ги одбележуваме: Славе Атанасоски, Коста Аргироски, Никола Гашоски, Глигор Бишев, Борис Гичев, Глигорие Гоговски, Гаврило Гаврилски, Ристо Гушков, Вангел Гагачев, Трајко Давитковски, Драган Захариевски, Љубисав Ивановски-Ѕинго, Иван Иванов, Минчо Јорданов, Ѓорѓи Јанчевски, Миле Јовановски, Киро Крамарски, Никола Матлиевски-Пашата, Златан Митев, Александар Маневски, Симон Наумоски, Нако Николовски, Страшо Нелковски, Јорго ќука, Стефан Ѓорѓиевски, Томе Миткоски, Живко Радевски, Александар Симевски, Јово Панајотовиќ, Никола Параќеев, Љубомир Поповски, Теодос Паунов, Мирко Пецов, Велија Рамковски, Ванчо Ристов, Воислав Ристовски, Милорад Стефановски, Никола Стефков, Киро Самарџиоски, Љубе Ставрески, Милан Хроват, Миле Цветковски, Ванчо Чифлиганец, Боривое Џртев, Ристо шапкар, Венко шапкар, Исак шеху и др. Во транзициониот период дојде до брз развој на малите и средните претпријатија и на претприемништвото. Во РМ постојат околу 50.000 мали и средни бизниси и ним им припаѓа доминантно мес-то во креирањето на бруто домашниот производ, додадената вредност и вработеноста во биз-нис-секторот. Во продолжение нотираме само еден дел од попознатите имиња на фирми и сопственици (или менаџери) на мали и на средни претпријатија: Арбен Абдурамани („Веде шари“, с. Требош), Боро Антовски („Сит Џермес Плус“ – Скопје), Илија Бреслиски („Бетон“ – Штип), Илија Гечев (ИГМ – „Трејд“ – Кавадарци), Венко Глигоров („Логин системи“ – Скопје), Маријан Герасимов („Бомекс“ – Скопје), Благоја Дончев („Адинг“ – Скопје), Стојан Давчев („Дасто“ – Скопје), Јо-ван Дабевски („Здравје“ – Радово), Ратко Димитриевски („Европа 92“ – Кочани), Ванчо Ѓорѓиев („Деликатес“ – Кочани), Трајче Заев (ИГМ „Еленица“ – Струмица), шефки Идризи („Ренова“ – Тетово), Трајче Леов („Динамо“ – Велес), Игор Лештар („Сеавус“ – Скопје), Стојна Јошевска („Електроелемент“ – Скопје), Трифун Костовски (Еуростандард банка, „Еуролинк“, „Еуролизинг“, „Еуроленд“, „Керамика Нова“, „Негорски бањи“), Бојан Ковачевски („Унипласт“ – Струга), Слободан Кутрески („Пекабеско“ – Скопје), Миладинови („Кимико“ – Струга), Михаило Михаиловски („Ватростална“ – Скопје), Кочо Моцан („Технометал – Вардар“ – Скопје, „Голдтекст“ – Крушево), Благоја Механџиски („Зегин“ – Скопје), Морина Беџет („Бас Тути Фрути“ – Скопје), Васе Митев („Оранжерии“ – Струмица), Данило Николовски („Ролопласт“ – Скопје), Нико Палигора („Палтекст“ – Делчево), Илија Прентовски („Пексим“ – Скопје), Љубица Петровска („Паком компани“ – Скопје), Саво Станковиќ („Хај–Теч“ Корпорација – Скопје), браќа Стојковски („Бујото“); Меџит Сапа („Дебарски бањи“), Златко Соколоски („Микросам“), Кирчо Сусинов („Голдмак“ – Радовиш), Борис Стојменов („БС“ – Скопје), Владимир Тодоровиќ („Тинекс–МТ“ – Скопје), Таип Таири („Еурогранит“), Зоре Темелковски („Миа Бевериџис“ – Скопје), Марија Тасевска („Вардарградба“ – Скопје), Џеват Фетаи („Гудалат“ – Гостивар), Митко шапковски („Металпромет“ – Струмица) и др. ИЗВ.: Информации од Стопанска комора на Македонија и од Сојуз на стопанските комори на Македонија. ЛИТ.: Стопанска комора на Македонија. 75 години коморско организирање во Македонија, Скопје, 1998; Миле Стефановски, Сообраќајот во Македонија, Скопје, 2001. М. С. – Т. Ф. Весникот „Македонски студентски лист“ (1931-1932) „МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТСКИ ЛИСТΓ (Софија, И, 1, 4. ⅩⅠⅠ 1931 – 1. Ⅵ 1932) – орган на прогресивните студенти во Бугарија. Излегува периодично, на бугарски јазик, како неофицијален орган на ВМРО(Об), под редакција на Д. Петков, но фактички редактори се: Коста Веселинов, Васил Хаџикимов, Михаил Сматракалев и Кирил Николов. Весникот се бори за формирање Општ македонски народен студентски сојуз против врховизмот и фашизмот, за независност на Македонија и за федерација на слободните балкански републики. Запрен од бугарските власти, но истовремено продолжува под новиот наслов „Македонска студентска трибуна“. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 325–328; Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 353–373. Бл. Р.