МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ БИСЕР“ – традиционален меѓународен турнир во борење слободен стил. Отпрвин се одржувал како „Струшки бисер“ (1977–1983). Поради големиот интерес, Сојузот на борачките спортови решил да се држи и во други градови заради популаризација на овој спорт, под назив „Македонски бисер“. Со учество и на некои од најсилните репрезентации на земјите од светот, натпреварите досега се одржувани во: Скопје, ПробиШтип, Битола, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Неготино, Гевгелија и Радовиш. Ф. Ѓ.