МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН КРУЖОК ВО СОФИЈА (МЛК) (1936–1942) – најзначајната македонска културно-литературна и национално-политичка асоцијација во периодот меѓу двете светски војни и верен следбеник и продолжувач на делото на Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург. Историски се појавува и се развива во три последователни фази и во три организациони форми. Првин, по иницијатива на Митко Зафировски, на 5 август 1936 год., по долги подготовки, во Редакцијата на софискиот в. „Македонски вести“ е објавено: „Образуван е Македонски литературен кружок. Тој има цел постепено да ги организира македонските литературни творци и да ги поттикне кон пошироко творештво на македонска култура“. Дејноста на Кружокот се развива при Редакцијата на весникот, каде што е отворена и посебна „Литературна страница“. Неговата програма „ќе го посочува како најправ патот за духовниот напредок на својот народ… Литературниот кружок при нашиов весник веќе редовно ќе ја пишува Литературната страница, ќе печати и ред статии во сезонава за идеолошко разбистрување на нашите соработници и за уметничко и техничко подобрување на нашата литература“. Се најавува и формирање центар од македонски интелектуалци, уметници и културно-литературни творци што веќе имал формирано и свои секции по одделните области. Во тоа време (со учество и на В. Чернодрински) во Софија се формира Македонски театар (се готви и јубилејна изведбата на „Крвава македонска свадба“ во нова постава) и започнува дејноста на Говорниот хор „Гоце Делчев“. Се прават напори да се обнови Народното читалиште „Роден крај“ на Гевгелиското братство, а се развива културно-национална дејност и во Трезвеничкото друштво „Устрем“, додека во Банско со свои манифестации се пројавува Банското туристичко друштво „Елтепе“. На страниците на „Македонски вести“ повторно се објавува факсимил на „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“ со картата на Чуповски. Во продол-Концепт за Основите на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938) Насловната страница на забранетиот јубилеен весник „Гоце“ (1938) женија се публикува текстот на А. Динев „Македонските Словени“, а на 8. Ⅸ 1936 год. се најавува и претплатниот оглас: „Дадена е в печат книгата ,Илинденската епопеја‘ од Ангел Динев. Книгата е одраз на величествената борба на македонскиот народ за слобода“. По бројот од 16. Х 1936 год. весникот „Македонски вести“ е забранет и редакторот е подведен под судска постапка во рамките на големиот судски процес против ВМРО(Об) во Софија. Македонскиот литературен кружок формално ја запира својата јавна дејност. Втората (преодна) фаза на МЛК продолжува со формирањето на полулегалниот Македонски литературно-публицистички кружок „Нација и култура“ што дејствува околу една година (1937–1938). Главни организатори се: Митко Зафировски, Антон Попов, Коста Веселинов и Иван Керезиев. И покрај големите замисли и обиди, од дејноста на Кружокот останува објавениот календар и зачуваниот коректурен примерок на „јубилејниот воспоменателен лист“ под наслов „Гоце“, официјално „Издание на Културното благотворно братство ,Гоце Делчев‘“ во Софија, отпечатен во април–мај 1938 год. по повод 35-годишнината од смртта на Делчев. Цртежот на ликот на Гоце е дело на сликарот И. Керезиев, а главни креатори на весникот биле Антон Попов и Митко Зафировски. Под текстовите во десетте страници (голем формат) стојат потписите: Митко Зафировски (Д. Г. Заров и Д Григоров), Коста Веселинов, Ангел Динев, Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Великов (Алекси Беломорски), Ив. Керезиев, Најд. Стефанов, Петар Несторов, П. Пенков, Петар Трајков, Ив. Тенев, Георги Џибрилов, Бл. В. Љапчев, Јордан Д. Ризов, Сто-Раководното јадро на Македонскиот литературен кружок во Софија, седнати од лево на десно: Никола Вапцаров, Михаил Сматракалев и Антон Попов, а стојат членовите: Тодор Јанев и Кирил Николов јан Љондев, Георги Деспотов, Паскал Николов, Стефан Нанов, Борис Стоицов, Иван Харизанов, Павел шатев, Димо Хаџидимов, П. К. Јаворов, Тодор Павлов, Стефан Аврамов, Божин Проданов, Туше Делииванов, Георги Бакалов, Мих. Гирџиков и други. Основната замисла и цел на весникот е изразена во опширниот уводник (А. Попов) со егидата: „Борбата во којашто гине македонскиот народ е идеја. – Гоцевиот завет: Слободна и независна Македонија!“ Бидејќи бугарската цензура не го дозволила печатењето, коректурниот примерок го зачувал М. Зафировски и се наоѓа во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Третата и најзначајна фаза на МЛК го опфаќа периодот кога дел од членството на Македонскиот литературно-публицистички кружок „Нација и култура“ во октомври 1938 год. (во домот на Асен шурдов) и програмски го обновуваат МЛК. На овој прв состанок присуствувале: Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев, Иван Керезиев, Антон Великов, Тодор Јанев, Асен шурдов (Ведров), Георги Деспотов и Васил Александров. Потоа во редовна изборна процедура бил примен Митко Зафировски, па биле вклучени и Венко Марковски и Коле Неделковски. Од следната година во Кружокот активно учествувале и Коста Веселинов, Димитар Митрев, Ангел Динев, Васил Ивановски и др., а свои настапи (како гостин) имал и Тодор Павлов. Никола Вапцаров На основачкиот состанок воведен реферат за целите и задачите одржал Никола Вапцаров, во кој меѓу другото рекол дека настапува „едно поколение ентузијазирано од лозунгот Слободна и Независна Македонија“ и дека тоа е „најважната етапа од македонското прашање во последниве години“. „Но – подвлекол тој – ако ние милееме за својата татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала искра од благо впрегнеме за да понесеме дел од тежината на едно дело и жестокото величие на една епоха“. За да се изгради едно такво движење, рекол, „треба уметност што да стигне во низините и да распали една национална жед“ што ќе создаде „хармонија меѓу политичката концепција и уметноста… За нас, особено за белетристите, е апсолутно неопходно да ги познаваме карактерите, обичаите, носиите, јазикот и типичното преовладување на некои изрази, зборови и слики“. Треба „да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на нашето национално-револуционерно движење – Илинден, Гоце, Даме, битките… Ние сме Македонци. И нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза…“. Потоа, врз осБелешки на М. Сматракалев од дискусијата на кружочниците за стихозбирката „Бели мугри“ (1940) нова и во духот на воведниот текст, Вапцаров ја напишал својата знаменита песна „Реферат“. Во 1939 год. е подготвен Статутот на МЛК. Во неговиот прв член се дефинира: „Кружокот е самостојна, независна група од македонски поети и писатели, обединети од заедничката цел да работат за создавање македонска уметничка литература.“ И се додаваат задачите: „Кружокот го афирмира создаденото творештво од неговите членови, организира литературни читања, вечеринки, утра, екскурзии, издава книги, весници, списанија, зборници, алманаси и друго“. Во Раководното тело на МЛК учествувале Н. Вапцаров, А. Попов и М. Сматракалев. Работните состаноци се одржувале еднаш неделно. Тие претставувале литературна лабораторија за креирање на творечкиот пат на македонските литературни творци. Се распишувале конкурси на определена тема од македонската историја и култура, а напишаните творби биле разгледувани на однапред закажани седници. Сите членови на МЛК, освен В. Марковски и К. Неделковски, пишувале на јазикот на своето образование – на бугарски. Преку Говорниот хор „Гоце Делчев“ и со екскурзиите и литературните читања ја проширувале дејноста и во масите. Особено плодотворна била средбата на Кружокот со македонските студенти од Белградскиот универзитет дојдени во Софија по повод прославата на 50-годишнината на Софискиот универзитет (мај 1939). А за да ја афирмираат македонската борба на меѓународен план, го користат гостувањето на московскиот спортски клуб „Спартак“ во Софија. Покрај собраните карти, разгледници од Македонија и други материјали, излеале и бронзов медалјон, на кој од едната страна има релјеф на македонското знаме со натпис (на македонски јазик): Слободна независна Македонија, а под него картата на етничка Македонија врз која е напишана Гоцевата девиза: œ го разбирам светот само како поле за културно надпреваруеине мегÓ народите, додека на реверсот е изгравирана посветата: Преко другарите спартакисти македонската младеш пракя поздраф на младите од С.С.С.Р. 1940 ав-густ. София. Задолжениот Вапцаров, меѓутоа, не успеал материјалите да им ги предаде на московските гости и медалјонот е зачуван во оставнината на Ѓ. Абаџиев. городен патриотизам, овојпат Заедничка фотографија на членовите на МЛК со гостите Македонци дојдени од Белградскиот универзитет треба да го впрегнеме, ропски да во Софија (1939) Во рамките на Кружокот биле создадени и објавени на македонски јазик бројните поетски збирки, поеми и сонетни венци на В. Марковски и двете стихозбирки на К. Неделковски. Тука се дискутирало за сите поетски и прозни творби на членовите, за збирката на Н. Вапцаров, за Рациновите „Бели мугри“ и за Мисирковата книга „За македонцките работи“. Била подготвена и антологија на современата македонска поезија „Од ,Бура над Родината‘ до ,Чудна е Македонија‘“.Во антологијата Стихозбирката на Ангел Жаров „Бура над родината“ (1935) со избрани творби биле застапени современите македонски поети А. Жаров, К. Рацин, В. Марковки, К. Неделковски и Н. Вапцаров. Книгава не е објавена, но повеќестрано значајниот предговорен текст од А. Попов е зачуван. Самите кружочници МЛК го сметале како продолжение на петербуршкото МНЛД. За тоа сведочи и писмото на К. Неделковски што од името на Кружокот на 18. Ⅴ 1940 год. му го напишал на синот на К. Мисирков д-р Сергеј МисирПочетокот на писмото од Коле Неделковски до синот на Крсте Мисирков д-р Сергеј Мисирков ков, што во тоа време работел во гр. Елена. Откако групно ја посе-тиле мајка му Е. М. Мисиркова и ги добиле ракописите и книгата од Мисирковата оставнина, ги пронашле и неговите статии објавени во в. „Мир“. Ја препишале книгата „За македонцките работи“ и на состанок во Кружокот ја разгледале и заклучиле дека треба да ја препечатат во Вардарскиот дел на Македонија. Во опширното писмо Неделковски му кажува дека се запознале со „дел од животот на вистинскиот Македонец“ и вели: „Викот на бесмртни-Крсте Мисирков от Македонец К. Мисирков се разнесува дури сега над неговата мила татковина и таа, измачена веќе од борбите и соперништвата на неколку народи, коишто ништо не штедеа да ја имаат посрбена од едни, побугарена од други и погрчена од трети, но таа не се даде на никого, а си остана со својата боја македонска, и сега, подигната културно и економски, го подзема најдрагиот нејзин глас, го прегрнува најсветото име и со целата своја моќ го држи и го разнесува како светилник до крајните катчиња на нејзината ширина… Па и ние, прокудените, каде и да се наоѓаме надвор од скапата наша татковина, се чувствуваме туѓинци и затоа не останавме глуви на делото и идејата на Вашиот незаборавлив татко, ами го прегрнуваме тоа дело за да го изградиме со цената на најмилото. И така, далеку од татковината, ние се обединивме во едно Македонско литературно другарство, од чиешто име се осмелив да Ве замолам да ни излезете во пресрет за да нè запознаете поподробно со животот и дејноста на Вашиот покоен татко (биографијата) за да можеме големиот борец поодблизу да ‹ го перетставиме на македонската општественост“. Наскоро (со свои автографски посвети) во пакет му биле испратени последните печатени стихозбирки на К. Неделковски, В. Марковски и Н. Вапцаров. Посветата од В. Марковски за д-р С. Мисирков (1940) По започнувањето на војната и на Балканот и по новата окупација и поделба на Вардарскиот дел на Македонија, скоро сите членови на МЛК се вклучуваат во оружената националноослободителна борба. Во Софија стигнуваат и К. Рацин и В. Наумчески и се вклучуваат во Кружокот, па во заеднички настапи зема учество и тогашниот студент Б. Конески. По излегувањето на неговата втора стихозбирка „Пеш по светот“ загинува К. Неделковски (1941). Неколку месеци потоа се уапсени поголемиот дел од членовите на МЛК, а најактивните Н. Вапцаров и А. Попов се осудени на смрт и егзекутирани (1942). Како партизан загинува (во недоразјаснети околности) К. Рацин (1943), а В. Марковски (сосе сопругата и синот) се приклучува кон Главниот штаб на Македонската војска на слободната територија. Во такви околности во јули 1942 г. Кружокот згаснува. Оние што останаа живи по војната се вклучија во изградбата на македонската држава, во литертурата и културата во ослободениот дел на Македонија. ЛИТ. Димитар Митрев, Вапцаров. Есеи и статии, Скопје, 1954; истиот, Македонскиот литературен кружок, Современост, Скопје, 1977; Никола Ј. Вапцаров, Творби. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје, 1979; Антон Попов, Одбрани творби. Приредил Гане Тодоровски, Скопје, 1985; Блаже Ристовски, Пројави и профили од македонската литературна историја, И, Скопје, 1982, 246–258; истиот, Беседа за делото на Вапцаров, Скопје, 1990; истиот, Историја на македонската нација, Скопје, 1999, 593–639; истиот, Македонецот Вапцаров, Скопје, 2005; Михаил Сматракалев, Македонскиот литературен кружок, Скопје, 1993; Васил Тоциновски, Жаров бунтар и буревесник, Скопје, 1994; Македонскиот литературен кружок, Софија, 1938–1941. Документи. Избор, превод, редакција и белешки д-р Васил Тоциновски, Скопје 1995; Антон Попов, Творби. Подготвил Васил Тоциновски, Скопје, 1994. Бл. Р. МАКЕДОНСКИ ЛОКАЛНИ ФЛОРИСТИЧКИ ЕНДЕМИТИ