МАКЕДОНСКИ КЛУБ (Белград, 1905) – асоцијација на македонските емигранти и печалбари во Србија што претставува всушност обновување на забранетиот таков клуб од пред три години. Главни обновувачи се воденчанецот Григорие Хаџиташковиќ и гевгеличанецот Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ, предводници на „автономистичкото движење“ во Србија. Орган на Клубот е в. „Автономна Македонија“, со концепција за автономна македонска држава, под гаранција на големите држави и балканските соседи, како посебна рамноправна единица во една конфедерација на балканските држави. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Македонскиот клуб во Белград и весникот „Автономна Македонија“ (1905), „Современост“, ЏЏЏИ, 4 и 5, 1969, 501-542 и 619-639. Бл. Р.