МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ СОЈУЗ (Софија, 1920–1934) – основан кон крајот на мај 1920 г. со задача да собира и групира во своите редови жени и девојки од редовите на македонските бегалци во Бугарија. Во почетокот е раководен од Олга Радева. Имал филијали и друштва во градовите и селата во Пиринскиот дел на Македонија. Отворал кујни за сиромашни деца, организирал изложби и друго. Дејствува до државниот преврат во Бугарија од 19 мај 1934 г. ЛИТ.: М-р Надежда Цветковска, Политичката активност на македонската емиграција во Бугарија од 1918 до 1929 г., Скопје, 1990. Н. Цв. „