МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ – водечки национален телекомуникациски оператор што обезбедува јавни телекомуникациски услуги во РМ. До крајот на 1996 г. компанијата функционираше под името ПТТ „Македонија“ и обезбедуваше пош-Зградата на Македонски телекомуникации во Скопје тенски, телекомуникациски и банкарски услуги (поштенска штедилница). Со цел да се подготви за приватизација, во почетокот на 1997, ПТТ се подели на АД „Македонски телекомуникации“ и АД „Македонски пошти“, а во март 1998 г. компанијата е регистрирана како акционерско друштво во државна сопственост. Во јануари 2000 г., Конзорциумот предводен од унгарската национална компанија за телекомуникации МАТАВ (сега „Маѓар Телеком“) откупи 51% од акциите на АД „Македонски телекомуникации“ и стана нејзин доминантен сопственик. Денес, сопственичката структура на друштвото е следнава: „Камени мост комуникации“ АД Скопје поседува 51% од акциите, Владата на РМ 34,81%, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) 1,88%, АД „Македонски телекомуникации“ 10%, а преостанатите 2,31% од акциите им припаѓаат на малцински акционери. АД „Македонски телекомуникации“ влегува во редот на најголемите и најпрофитабилни компании во РМ. Според техничките перформанси, таа е водечка телекомуникациска компанија во регионот. Нејзината корпоративна култура, заснована на шесте типа корпоративни вредности (супериорна вредност, посветеност кон корисниците, иновации, респект, интегритет и топ-квалитет) осигурува висок квалитет на интегрирани комуникациски решенија и услуги за индивидуалните и за бизнис-корисниците. ИЗВ.: Интерни материјали од АД „Македонски телекомуникации“. П. Т.