МАКЕДОНСКИ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК & современата јазична норма на македонскиот стандард што има континуирана милениумска историја, со две глобални етапи. Основата е поставена со кирило-методиевската писмена нор-ма врз основа на солунскиот македонски говор, настаната во половината на Ⅸ в., приложена во Македонија од светите Климент и Наум како словенски писмен норматив, која по ⅩⅠⅠ в. преминува во македонска редакција на старословенскиот и со неколку фази како јазик на црквата и писменоста трае до крајот на ⅩⅠⅩ в. Втората етапа ги одразува обидите на А. и П. Зографски, К. Миладинов, Д. Македонски, К. шапкарев, В. Мачуковски, Г. Прличев и посебно на Ѓ. М. Пулевски (1875&1892), па преку најавите на Младата македонска книжовна дружина во Софија („Лоза“, 1892), Ученичкото друштво „Вардар“ во Белград (1893), особено пак на Македонскиот клуб во Белград („Балкански гласник“, 1902), и конечно се реализира во Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург (1902) со кодификацијата на К. П. Мисирков практично применета во книгата „За македонцките работи“ (Софија, 1903) и во сп. „Вардар“ (Одеса, 1905). Дефинирањето на современиот македонски јазичен стандард станува по создавањето на македонската држава, врз решенијата на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944) Решението за правописот на македонскиот литературен јазик (7. Ⅵ 1945) и заклучоците на јазичните комисии, кога се прифаќаат принципите на Мисирковата кодификација и на 16 мај 1945 г. Министерството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ го донесува Решението за македонската азбука, а на 5 јуни и Решението за правописот на македонскиот јазик. Со тоа, со водечки ангажман на лингвистот Блаже Конеки, започнува регуларниот развиток на современиот македонски стандарден јазик. Бл. Р.