МАКЕДОНСКА РАБОТНИЧКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ГРУПА

МАКЕДОНСКА РАБОТНИЧКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ГРУПА (Софија, 1893 – 1900) – група од македонски социјалисти и печалбари, формирана од Васил Главинов за да ги шири социјалистичките идеи меѓу македонските печалбари и во самата Македонија. Се застапувале за ослободување на Македонија и за создавање Македонска Република – преку револуција. Во 1900 г. МРСГ се вклучила во Македонската револуционерна организација. Групата издавала свои весници и популарни брошури. ЛИТ.: Работничкото и комунистичкото движење во Македонија, Скопје, 1970; Д-р Орде Иваноски, Преродбенската делотворност на социјалистичката мисла во Македонија, Скопје, 2000. О. Ив.