МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА НА МПЦ ЗА АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД (1974). Во 1960 г. владиката Наум ја осветил македонската црква „Св. Ѓорѓи“ во Мелбурн (Викторија), официјално првата Групно крштевање во храмот „Св. Христово Воскресение“ во Рокдаел, Сиднеј (Водици, 19. И 2009) црква на МПЦ во Австралија и во целата македонска дијаспора во светот. Македонските цркви во Австралија во почетокот биле под духовна јурисдикција на Синодот на МПЦ, а по формирањето на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија (1967) тие станале дел од православна епархија, на која до 1981 г. надлежен архијереј бил митрополитот Кирил, а од 1981 до 1995 г. митрополитот Тимотеј. Во 1995 Австралиската епархија ја управува Синодот на МПЦ, а од ноември 1995 до 2004 г. надлежен архијереј е митрополитот Петар, кој потоа ја администрира епархијата. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр. Епархиите на МПЦ во Република Македонија