МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА. Со првите филм-ски проекции одржани во 1897 г. и со творештвото на браќата Манаки започнува историјата на македонската кинематографија. Периодот до крајот на Втората светска војна е именуван како период на спонтана кинематографија. И со киноприкажување и со снимање донската емиграција во Бугарија. Сцена од филмот „Време & води“ (1978) Со Уставот на МЕФО била опреКадар од филмот „Среќна Нова ’49“ (1986) се занимавале луѓе љубопитни по дух, кои сакале да ги откриваат тајните на новиот медиум. Единствено Хигиенскиот завод од Скопје (од 1927 г. па натаму) спроведува организирана едукативна дејност со помош на филмот (произведува и прикажува филмови за заштита на здравјето). По Ослободувањето македонската кинематографија влегува во фазата на институционализирана кинематографија: од Отсекот за кинематографија при АСНОМ (1945), па преку Филмската дирекција на Македонија (1945), РАСФИЛМ (1946), Комисијата за кинематографија при Владата (1947), „Филмско-Скопје“ (1947), па сè до оформувањето на целокупната кинематографска структура: производство, дистрибуција, прикажување, едукација, критика и публицистика, филм-ски аматеризам и филмски архив (Кинотека на Македонија). Ил. П.