МАКЕДОНО-БУГАРСКИ КОМИТЕТ

МАКЕДОНО-БУГАРСКИ КОМИТЕТ (Костур, Егејскиот дел на Македонија, 5. Ⅲ 1943 – 1944) – основан за организирање колаборациско оружено движење во италијанската окупациона зона за борба против грчкото партизанско движење и македонското НОД во Егејскиот дел на Македонија. Создавањето го договорила тричлена бугарска делегација (претставник на Министерството за надворешни работи и офицери на Бугарската армија). На состанокот (3. Ⅲ 1943) бил формиран Комитет и било донесено решение за создавање оружени чети, за што биле известени грчките квислиншки власти. Првата вооружена чета на Македоно-бугарскиот комитет била формирана од бугарски приврзаници и соработници на италијанските окупаторски власти. На крајот на март Комитетот $ предал на италијанската команда во Костур Меморандум (упатен и до владата на Бугарија) со барања: да биде признаена за сојузничка Македоно-бугарската организација, да се прогласи автономија на тој дел на Македонија и да ја снабдува и вооружува Организацијата. Првите две барања биле отфрлени. ЛИТ.: Ташко Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија (1941–1944), Скопје, 1989; Георги Даскалов, БÍлгарите в ЕгеŸска Македония, София, 1996. М. Мин.