МАКЕДОНИЈА ПРВА

МАКЕДОНИЈА ПРВА (МАЦЕДОНИА ПРИМА) – доцноантичка провинција со седиште во Тесалоника (Солун). Во рамките на административната провинциска реорганизација на Царството, Диоклецијан ја поделил раноримската провинција Македонија на два дела. Провинцијата Македонија Прва припаднала во диецезата Македонија. Нејзината територија ги опфаќала подрачјата на Долна Македонија: долниот тек на Халијакмон, долниот тек на Аксиј (од Демир Капија до утоката) и Долни Стримон. Јужниот дел ја опфаќал висорамнината Пелагонија со градот Хераклеја Линкестидска, кај Битола. Поважни градови биле Филипи, Дион, Едеса, Бероја и Пела. На север провинцијата се протегала на подрачјето што денеска го зазема РМ, поточно регионите Битола, Ресен, Валандово, Гевгелија и Струмица. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; З. Костиђ, Осврт на административне поделе Македоније крајем антике, ЗРВИ, ЏЏЏВ, Београд, 1996, 77-92; Т. Моммсен, Тхе Провинцес оф тхе Роман Емпире, фром Цаесар то Диоцлетиан, Цхицаго, 1974. В. Л.