ЛУБЕН

ЛУБЕН – средновисока планина со највисок врв Кафчал (1.762 м). Припаѓа на планините од западномакедонската група. Се протега помеѓу Церско Поле на запад и северозапад. Со горниот тек од долината на Церска Река и превојот Кула (1.320 м) е одвоена од Баба Сач. На исток продолжува во Бушева Планина, но од неа е одвоена со превојот Стрмол (1.370 м), а на југ е Демир Хисар. Геолошкиот состав е претставен со варовнички карпи што овозможиле интензивна карстна ерозија. Има динарски правец на протегање сз–ји и се развиени површински карстни форми: шкрапи, вртачи, ували, мали карстни полиња и скарстени долови. Т. Анд.