ЛОПУШНИК

ЛОПУШНИК – локалитет на планината Бистра, во реонот на Јама, на патниот правец КичевоДебар. Од крајот на март, па сћ до 30 мај 1943 г. Лопушник бил база на ЦК на КПМ и на Гш на НОВ и ПОМ, каде што биле формирани партизанската група „Козјак” и Кичевско-мавровскиот НОПО. Таму се наоѓала и партизанската печатница „Гоце Делчев”, која печатела разни прогласи и летоци, збирка Народноослободителни песни, каде што и загинал Кочо Рацин. ЛИТ.: Ѓорѓи Чакарјаневски, Главниот штаб на НОВ и ПОМ и државноста на Македонија (1941–1944), Скопје, 2000. М. Мих.