ЛОВСТВО

ЛОВСТВО – дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност $ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата. Во рамките на секторот за шумарство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постои посебно одделение за лов, надлежно за целокупната организација и управување на оваа дејност во земјата. На шумарскиот факултет во Скопје, Катедрата за лов ја раководат еминентни специјалисти, чиј придонес во науката и практиката е особено значаен. В. Мал.