ЛИПША-ТОФОВИЌ, Ана

ЛИПША-ТОФОВИЌ, Ана (Сисак, Хрватска, 23. Ⅷ 1926) – оперска и концертна певица, мецосопран, првенка на Операта на МНТ. Музичкото и вокалното образование го оформила во Загреб (проф. Рајзер). Во 1947 г. дебитирала во Загрепската опера со улогата на Олга во операта Евгениј Онегин. Во Операта на МНТ доаѓа во 1948 како еден од нејзините основачи и во неа останува до 1980 г. Низ долгогодишното работење на оперската сцена на МНТ остварила повеќе од 35 поголеми и помали улоги. Позначајни остварувања: Орфеј (Орфеј и Евридика), Амнерис (Аида), Далила (Самсон и Далила), Еболи (Дон Карлос), Мадам Флора (Медиум), Ана Липша -Тофовиќ Кармен, Адалџиза (Норма). Настапувала и на концертниот подиум со богат и стилски разновиден солистички репертоар, а зела учество во голем број вокално-инструментални дела. Со концертот во 1961 г. во црквата Св. Софија во Охрид го означила почетокот на постоењето на Фестивалот „Охридско лето”. Гостувала во сите поголеми музички центри на Југославија, како и во многу земји на Европа и Азија (Кина). Певица со високоизградена пејачка и стилска култура, извонредна музикалност и силно изразена способност за драмско обликување на своите улоги. Ф. М. Лириодендрон (Лириодендрон тулипифера Л.)