ЛИКЕЈ (Лѕккеиос, Лѕкпеиос, Лѕппеиос) – пајонски крал (359/8-340/335 пр.н.е.), син или близок роднина на пајонскиот крал Агис. Бил принуден да ја признае врховната власт на македонскиот крал Филип Ⅱ Македонски (358 пр.н.е.), а потоа ја искористил можноста и се приклучил кон антимакедонската коалиција предводена од Атина, во која учествувале и тракискиот крал Кетрипор и илирскиот крал Граб. Но по неуспехот бил принуден пак да ја признае врховната власт на Македонското Кралство. Познат е по развиена монетарна продукција. Ковел монети според редуцираниот феникиски стандард, подоцна познат како пајонски. ИЗВ. : Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје 1999. К. М.-Р. ЛИКОВНА УМЕТНОСТ, МОДЕРНА И СОВРЕМЕНА – разни видови визуелни уметности создавани во текот на ⅩⅩ и ⅩⅪ в. Со напуштањето на византиската естетика и дејствувањето на последните зографи, постепено се ослободува патот кон световната уметност. Првите школувани ликовни уметници пред 1945 г. (Д. Пандилов, Л. Личеноски, Н. Мартиноски, Д. Тодоровски) создаваат реалистички, импресионистички, експресионистички или фовистички дела. Сћ до 1953 г. ликовната уметност се развива во рамките на разни видови реали-Л. Личеноски: „Пејзаж со аквадукт” (1948) зам. Со групата Денес (Б. Лазе-ски, Ј. Грабулоски) започнува вистинското осовременување на ликовниот говор, кој продолжува со надреализмот, апстракцијата и експресионизмот на групата Мугници. Најочевидни естетски поместувања на ликовната сцена остварила групата Мугри (1960), составена од најеминентни творци на шеесеттите. Групата Зеро дејствувала алтернативно. С. Аб.-Д. Фиданоски – шемов: „Клопче”, интервенции во простор, Прилепска колонија, Варош (1983) ри (П. Мазев, Д. Кондовски, П. Хаџи-Бошков, Т. шијак). Тенденцијата кон автохтон израз ја продолжуваат Д. Перчинков, С. шемов, Г. Чемерски, Р. Анастасов, Т. Луловски. Следните генерации ги збогатуваат стилските и естетските насоки (Ј. шумковски, Ж. Вангели, Б. Маневски, Т. Мазневски, И. Димитрова). ЛИТ.: Соња Абаџиева, Антологија на македонската ликовна уметност 1894-1994, Скопје, 1994; Владимир Величковски, ДЛУМ – 50 години, Скопје, 1996. С. Аб.-Д.