ЛИВТАР

ЛИВТАР – . женска горна облека што се носела над кошулата наместо саја. Се изработувал од црна алаџа, дезенирана со разнобојни вертикални линии. Бил кроен од ѕадниште или средњак (грб), скутови или скут (предни поли), латица (парче нашиено под пазувите), ребрњаци (по еден од страните) и џебови нашиени на предните поли (скутовите). По рабовите се украсувал со црн или пак со сим (бел срмен) гајтан. Ј. Р. – П.