ЛЕСТВИЦА . – македонски ракопис од третата четвртина на ⅩⅣ в. Од 1955 год. се чува во Народната библиотека на Србија (Бел-град), сигн. Рс 416. Има вкупно 273 хартиени листови. Јазичните особености упатуваат на западномакедонско потекло. Текстот содржи Лествица на Јован Схоластик, на л. 261 има Слово на Јован Златоуст и на л. 271 почнува толкување кон Лествицата, кое се прекинува во толкувањето на 13тото (?) слово. В. Д.