ЛЕБАЈА

ЛЕБАЈА – стар град во Горна Македонија. Првпат се спомнува кај Херодот, како престолнина на некој крал, а во врска со преданието за потеклото на македонската кралска династија на Аргеадите. Се наведува дека токму во овој град извесно време престојувале тројцата браќа Гаван, Аероп и Пердика. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927. К. М.-Р.