ЛАБИНО ОХРИД

ЛАБИНО – ОХРИД . средновековна некропола на градот Охрид сместена на запад од Плаошник, откриена случајно при пошумувањето (1955-1956). Локацијата (подалеку од црквените објекти), како и наодите (сите се од бронза), упатуваат на заклучок дека овде биле погребувани средноимотни граѓани на Охрид во XI-ⅩⅠⅠⅠ в. ЛИТ.: В. Лахтов, Раносредновековен накит во средновековната збирка на Народниот музеј во Охрид, „Лихнид”,1, Ох-рид, 1957; Е. Манева, Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992, 177, 178. Ел. М.