КУТУРЕЦ, Томо

КУТУРЕЦ, Томо (Крушево, 1906 – Скопје, 14. Ⅻ 1979) – комунистички деец, политичар и дипломат. Бил член на КПЈ (1935) и секретар на Поверенството на КПЈ и МК на КПЈ во Крушево. Како еден од организаторите на НОБ во Крушевско и Дебарско, бил избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил советник во Министерството за надворешни работи во Белград (1949), советник во Амбасадата на ФНРЈ во Берн (1950), потпретседател на Народното собрание на НРМ (1951-1953), директор на Уредот за информации на Владата на НРМ, член на Претседателството на Главниот одбор на ССРНМ, републички народен пратеник, претседател на Друштвото на Обединетите нации за НРМ и др. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Злате Билјановски, Одредот „Питу Гули”, 1973; истиот, Крушевски НОП одред, Београд, 1971; Крушево, Скопје, 1977; истиот, Одредот „Питу Гули”, Куршумли-ан, Скопје (1549) Скопје, 1990. С. Мл. Михајло Куфојанакис