КУЗМАНОВА, Слободанка (Уланци, Велешко, 1945) – ред. проф. на Технолошко-металуршкиот фак. во Скопје и научник. Дипломирала на Технолошко-металуршкиот фак. во Скопје (1970), каде што и докторирала (1979). Имала повеќе специјализации во Европа и во САД. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1970 г., а редовен професор е од 1994 г. Подрачје: биотехнологија (целулоза и биополимери), хидролиза на целулозни материјали и биоконверзија до едноклеточни протеини, микробна продукција на алкохоли и ензими. Раководител е на научноистражувачки проекти и автор е на научни трудови. ЛИТ.: „Билтен УКИМ” бр. 708, од 22. Ⅵ 1998 г., стр. 30; 40 години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 71. Св. Х. Ј.