КСЕРКС И

КСЕРКС И (Џерџес) – персиски крал (486–465 пр. н.е.), син и наследник на кралот Дареј И. Веднаш по стапувањето на престолот започнал воена подготовка и активна дипломатска дејност за навлегување во Хелада. Откако наредил да се изгради мост над Хелеспонт, да се прокопа канал на полуостровот Атос и да се направат мостови преку реката Стримон, минувајќи низ Тракија и Македонија, со многубројна војска навлегол во Хелада. Како персиски вазал во времето на неговиот поход, Македонското Кралство учествувало со воена сила во рамките на персиската војска. По победата кај Термопилите, Ксеркс ја опустошил Атика, но претрпел пораз во битката кај Саламина. Заради својата лична сигурност бил принуден да се повлече, оставајќи еден дел од војската, која подоцна исто така била поразена. Бил убиен. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927. К. М.-Р. Релјеф: Лудвиг Куба