КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ – фрагмент од драмата „Илинден” на Никола Киров-Мајски, објавена (како сопствено издание) на македонски јазик во Софија во 1923 г. Во меѓувоениот период од работничкото движење и во текот на НОБ овој текст беше прогласен како Прокламација на шта-бот на крушевските илинденски востаници или Крушевски манифест (1903). Крушевчанецот Мајски во својата драма, напишана две децении по Илинден, воспроизведува настани во духот на неговата тогашна федералистичка политичка концепција и тие идеи му ги става во устата на Н. Карев како драмски лик. Познато е, меѓутоа, од времето на Востанието (1903) едно кратко писмо на турски јазик упатено (како печатен текст и со надлежен печат) до „угледните Турци” во Македонија, во коешто пишува: „Македонскиот централен револуционерен комитет реши да стапи во борба за да извојува справедлива и хумана администрација наместо сегашната, којашто е еднакво тешка и за христијаните и за муслиманите. Борбата веќе започна и Комитетот чувствува долг да им се обрати на угледните Турци што живеат овде со молба да ги успокојат своите браќа за да не гледаат непријателски на Востанието. Востаниците ќе се воздржуваат од секакви непријателски дејствија против мирното население, ако самото тоа не им прави штети на востаниците. А по нашата победа тоа ќе се ползува, како и ние, со благодејанијата на добиената од нас слобода.” ИЗВ.: Н. К. Мајски, Драма въ петÏ д‹јствия.Картини изъ великото македонско възстание пр‹зъ 1903 год. Първо собствено издание, София, 1923, 36–38; истиот, Епопеята на Крушово, София, 1955 – романизирана историја во ракопис, АМ, ф. Никола Киров Мајски, к. 3.ЛИТ.: Блаже Ристовски, Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 319–320; Благој Стоичовски, Никола Киров Мајски, Скопје, 1990, 208–220. Бл. Р. Борбениот пат на Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули” КРУШЕВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПИТУ ГУЛИ”