КРУША (Пѕрус доместица) – овошна култура. Вкупниот број на стеблата во 1990 г. изнесувал околу 1,5 милион, а производството на круши во 1980–1991 се движи од 15.000 до 22.000 т. Опасните болес-ти и штетници (ервинијата и псилата) наполно ја уништиле крушата кај нас. Сепак, во нашата земја ги имаме внесено најважните отпорни и квалитетни сорти круши. Освен тоа, разрабоКруши тена е и технологијата за интегрално и еколошко производство, односно, создадени се услови за ревитализација на оваа значајна и традиционална овошна култура. Б. Р. КРУШЕВО – град во западниот дел на РМ, со 5.330 ж. (2002). Се наоѓа на југоисточните падини на Бушева Планина, во изворишниот дел на Крушевска Река на надморска височина од околу 1.250 м. Зафаќа површина од 180 ха. Има планинска клима со просечна годишна температура на воздухот од 8,5°Ц и просечно годишно количество врнежи од 808 мм. Претставува највисока градска населба во РМ. Првпат се спомнува во 1468 г. кога како мездра биседиште на големиот Црковен собор одржан од Цар Душан во 1355 Крушево зиме ло дадено на спахијата Хусеин-бег. Долго време било мала населба, на пр., во 1670 г. имало само 45 куќи. Дури при крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в., со доселувањето на Власите, прераснува во градска населба. Првите влашки доселеници, кои биле главно занаетчии и трговци, дошле од Москополе и неговата околина во периодот од 1769 до 1788 г. и го основале Влашкото Маало. Во почетокот на ⅩⅠⅩ в. во периодот од 1812 до 1821 г. во Крушево се доселува втора група Власи, но сега не од Москополе туку од планината Грамос. Тие во Крушево основале ново маало познато под името Струнга. По занимање биле главно сточари и го развиле сточарството. Во истото време, од Јужна Албанија во Крушево дошла и група православни Албанци, кои лево и десно од Крушевска Река го основале Арнаутското Маало, а од околните села се доселил и голем број Македонци, кои во северниот дел на градот го формирале Горното Маало. По 30-тите години на ⅩⅠⅩ в. во Крушево се доселуваат и Македонци сточари од мијачките села: Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари и др., кои го основаат Мијачкото Маало. Како занаетчиски и трговски центар Крушево започнува брзо да се развива и веќе во 1883 г. во него живееле 12.000 ж. При задушувањето на Илинденското востание, Крушево било запалено, а голем дел од населението се иселило. Во 1921 г. градот имал 3.862 ж., скоро исто толку во 1953 г., а не е многу зголемен ни во 2002 г. Најголем број од населението се Македонци – 4.273 ж., потоа следуваат Власите – 1.020 ж., и сосема мал број Срби – 26 ж. Крушево е седиште на општина која зафаќа површина од 19.068 ха, со 19 населени места во кои живеат 9.684 ж. Градот се развива како значаен зимскоспортски центар со неколку хотелски објекти, со ски лифт до скијачките патеки и со голем број домаќинства што издаваат станови за приватно сместување. Од индустријата, присутна е текстилната и индустријата за преработка на тутун. Крушево е „Град музеј”, познат е по староградската архитектура, од која со закон се заштитени околу 80 куќи, потоа има споменик на Илинденското востание „Илинден”, споменик на претседателот на Крушевската Република Никола Карев и на војводата Питу Гули, Градски музеј, галерија на академскиот сликар Никола Мартиноски, северозападно од градот е месноста Мечкин Кавиг на бранителите на Крушевската Република, и др. Во Крушево има гимназија и здравствен дом. ЛИТ.: Јован Ф. Трифуноски, Варошица Крушево, Гласник САН, кн. Ⅶ, Београд 1956; Историја на македонскиот народ, кн. Ⅱ, ИНИ, Скопје, 1969. Ал. Ст.