КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ

КРУЖЕЊЕ НА МИНЕРАЛНИ МАТЕРИИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ – хемиските елементи што ја изградуваат живата материја, циркулираат во биосферата и екосистемите по карактеристични патишта од надворешната средина. Тоа е всушност движење на хемиски елементи и на неоргански соединенија, неопходни за живите организми и се нарекува кружење на минерални материи. Биогените елементи, кои се потребни во поголеми количества се оз-начуваат како макроелементи (Ц, О, Х, Н и др.), а оние во помали коКатедралната ранохристијанска црква со мартириумот кај Крупиште, Кочанско личества се означуваат како микроелементи. Во рамките на секој циклус се разликуваат два дела: резервен фонд, кој претставува поголема маса бавнодвижечки материи, кои во основа не се врзани за организмите и се активен прометен фонд, помал по маса, но далеку поактивен и се одликува со брз промет помеѓу организмите и нивното опкружување. Количествата што се враќаат со опадот во горскиот буков екосистем (Цаламинтхо грандифлорае Фагетум) на Маврово изнесуваат 219,81 кг/ха, а резервите во шумската простирка 1117,8 кг/ха. Во дабовиот плоскачево-церов екосистем (Љуерцетум Фраинетто-церрис мацедоницум Оберд, 1948 ем, Х-ат 1959) во Националниот парк Галичица, во катот на дрвјата 145,1 кг/ха, во катот на грмушките 3,97 кг/ха, а во катот на тревестите растренија 11,8 кг/ха што изнесува вкупно 160,87 кг/ха, во опадот на надземните органи. Во подземните органи, минералните материи изнесуваат 33,50 кг/ха, или вкупно 194,38 кг/ха. Љ. Гр.