КРЛЕЖИ, ВОДНИ

КРЛЕЖИ, ВОДНИ (Хѕдрацарина) – група пајаковидни членконоги организми. Припаѓаат кон родот крлежи (Ацарина). Ги населуваат копнените води, а се среќаваат и во морињата. Имаат тркалезно тело, упадливо обоено. Претежно се ситни, но има и видови со Воден крлеж должина до 8 мм. Во Македонија водните крлежи ги населуваат неистечните води (бари, езера). Чест вид е Диплохѕдрацхна глобоса Де Геер, регистриран во Охридското Езеро, разни блата, канали и мирните текови на реката Вардар. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.