КРИТИКА, ЛИКОВНА -. теоретска и практична дисциплина што ја следи и интерпретира уметничката продукција. Во РМ се јавува во половината на ⅩⅩ в. Првите текстови се од професорите Д. Месеснел и Д. Недељковиќ уште во триесеттите, но дури во четириесеттите години пишувале Л. Личеноски и Н. Мартино-Антоние Николовски: Македонските зографи од крајот на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в. ски (неговиот прв текст на македонски јазик е во 1944). Д. Коцо е првиот професионален историчар на уметноста по војната. Се конституира како дисциплина од педесеттите, кога почнале да пишуваат А. Николовски, А. Ѓурчинов, Е. Мацан, Б. Петковски, С. Абаџиева, В. Величковски, како и уметници, книжевници, новинари (В. Урошевиќ, Г. Чемерски, П. Гилевски, Л. Баришиќ и др.). Пресудна улогата во поврзувањето на критичката методологија со теоријата на уметноста имал Б. Петковски. ЛИТ: Борис Петковски, Ретроспективни размислувања за ликовната критика во Македонија, „Културен живот”, Скопје, Манастирот Забел, едното од седиштата на востаниците 1998. Л. Н. Ристо Крле