КРИВА РЕКА

КРИВА РЕКА – лева и најголема притока на реката Пчиња. Извира од северните падини на Осоговските Планини, на н.в. од 1.800 м, а се влива на н.в. од 296 м. Се формира од повеќе површински водотеци, меѓу кои позначајни се Тораничка, Киселичка и Станичка Река. Должината на речниот тек изнесува 78,7 км, вкупниот пад 1.504 м, а просечниот пад 19,11 ‰. Има вкупната површина на сливот од 968 км 2. Просечниот Крива Паланка годишен протек кај водомерната станица Трновац изнесува 3,29 м3/сец; најголем средномесечен протек од 6,78 м3/сец се јавува во април, а најмал од 1,24 м3/сец во август. Др. В. Фестивал на народнии носии во с. Кривогаштани