КРЕЧЕТАЛО (чкртало) – детски идиофоничен ударачки дрвен инструмент. Го прават самите деца напролет од врбово дрво. Има четири главни делови – четириаголна рамка, јазиче, запченик и рачка со оска што го врти запченикот. При вртење на запченикот со рачката, јазичето удира од еден во друг забец на запченикот и така се произведува брзо чкртање со остар звук. Децата се забавуваат натпреварувајќи се преку создавање најсилен звук. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 20. Ѓ. М. Ѓ. Пано Кржовски КРЖОВСКИ, Пано Димитров (с. Владимирово, Беровско, 25. Ⅹ 1939 – Скопје, 6. Ⅲ 1998), – математичар, ред. проф. (1987) на Ма-Кресненска Клисура шинскиот факултет. Дипломирал (1964) на ПМФ, магистрирал (1970) во Загреб, а докторирал (1981) на Математичкиот факултет во Скопје со темата Прилог кон теоријата на н-полугрупите и објавил трудови од таа област. Бил продекан на Математичкиот факултет (1982– 1984) и на Машинскиот факултет (1989–1990). Н. Ц. Реката Крива Лакавица