КОСТУР

КОСТУР (Касторија) – град во Егејскиот дел на Македонија (Грција) со 20.300 ж. (2002). Се наоѓа на полуостровот Горица, на западниот брег на Костурското Езеро, на надморска висина од Костур со Костурското Езеро околу 690 м. Градот името го добил по латинското име на животното бабар (Цастог), кое во минатото живеело во ова езеро. Тоа имало скапоцено крзно што било многу ценето, и затоа кожарството во Костур е еден од најстарите занаети. Стариот град бил подигнат на полуостровот Горица и бил заграден со ѕидови. Новите град-ски делови биле подигнати надвор од тврдината. Околу 1880 г. К. имал 10.157 ж., од кои 3.758 биле Македонци, 2.699 Грци, 2.400 Турци и 1.300 Евреи. По Балканските и по Првата светска војна, турското население се иселило во Турција, а на нивно место се доселени Грци од Турција и од Тракија. Во 1941 г. градот имал 11.090 ж. од кои 7.500 биле Грци, 2.300 Македонци, 790 Евреи, 400 Власи и 100 други. Овој број се задржува с” до 1961 г. (11.778 ж.), за потоа да почне да се зголемува, така што во 1971 г. К. имал 15.407 ж., а сега во него живеат повеќе од 20.000 ж. Денес е седиште на об-ласт, во која постојат 114 населени места. Во градот се зачувани повеќе куќи од ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅩ в., кои овозможуваат тој да биде град– музеј. Населението се занимава со трговија, занаетчиство и со туризам. Во еден период од минатото бил значаен црковен центар, за што сведочат до денес зачуваните три цркви од XI в. Јужно од градот има аеродром. ЛИТ.: Тодор Симовски, Населени места во Егејска Македонија, кн. И, Скопје, 1978. Ал. Ст.