КОСТОВ, Спиро

КОСТОВ, Спиро (Велес, 8. Ⅻ 1848 – Софија, 19. Ⅷ 1931) – печалбар, учесник во Кресненското востание. Како печалбар во Романија работел во печатницата на Љубен Каравелов. Бил доброволец во Српско-турската (1876) и во Руско-турската војна (1878/ 1879). Во Кресненското востание (1878/1879) бил војвода на чета. Учествувал во Српско-бугарската (1885), како и во Балканските војни (1912/1913). ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф.: 1075, оп. 1, а.е. 28, лл. 44–46; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, И, Софи®, 1983. Ал. Тр. Хари Костов