КОСТОВСКИ, Саво

КОСТОВСКИ, Саво (с. Леуново, Гостиварско, 1. Ⅲ 1925 – Скопје, 3. Ⅶ 1993) – првоборец. Завршил гимназија во Тетово, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење (1937). Бил член на СКОЈ (1941), член на КПЈ (1942), секретар на Организација на КПМ во с. Леуново (1943), борец на Кичевско-мавровскиот НОПО (мај 1943), полит. комесар на мавровската НОП чета, секретар на СКОЈ во втората чета на Македонско-косовската НОУБ (ноем. 1943) и политички комесар на баталјон (1944). По Ослободувањето бил во воена служба до 1956 г. Бил секретар на Општински комитет на СКМ во Гостивар. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии”. Вл. Ив. Трифун Костовски