КОПНЕНИ ЕКОСИСТЕМИ

КОПНЕНИ ЕКОСИСТЕМИ – во Македонија се најзабележливи шумските екосистеми, кои преставуваат мозаик од најразлични растителни групирања со неповторлив своеобразен облик. Тие се позабележителни колку што е поголема нивната биомаса, која се создава од автотрофните организми преку фотосинтеза. Овие растителни фитоценози, разгледувани заедно со животните што живеаат во нив и големата група сапробионти (габи, бактерии и инвертебрати), вклучени во процесите на разградувањето на органската материја, преставуваат сложена биоценоза. Огромниот број организми во биоценозата, соединети со многубројни видови врски, овозможуваат во неа да се развиваат хранливи и хоролошки врски, преку кои се одвива постојана борба за простор и храна. Овој фукционален систем што во себе ја вклучува заедницата на сите живи организми и биотопот на кој се развиваат, се означува како еколошки систем или екосистем. Во Македонија има многу копнени и водени екосистеми. Љ. Гр. Машка горна облека копоран